Синоќа околу 20:00 часот на граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, во товарно возило „волво“, најдени се 24 пакувања со марихуана.
Дрогата била скриена во кабината на влекачот.
Возилото било со албански регистерски таблички а возачот е 40 годишен граѓанин на Албанија. Тој е уапсен а дрогата е запленета.

Известен бил јавен обвинител, а Ч.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
