Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

/

пред 99 дена

Сподели преку :

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ја заокружи сезоната во Европската лига. Нашите одбојкарки денеска во Скопје загубија од Словенија со максимални 3-0.

Македонија немаше никакви шанси против фаворитот и загуби убедливо по сетови 15-25, 10-25 и 10-25. Европската лига нашиот тим ја завршува со шест порази од исто толку натпревари, без освоен сет, и го дели последното место на табелата со Исланд.

Словенија, пак, остана перфектна на првото место на табелата. Словенечките одбојкарки остварија шест победи во шест натпревари и првиот дел од натпреварувањето го завршија без загубен сет.

Фото: ОФМ/Вангел Тануровски