Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерино го расплака Роналдо, Балогун не ги спаси САД од Белгија (ВИДЕО)

/

пред 84 дена

Сподели преку :

Шпанија и Белгија се пласираа во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство. Двете селекции синоќа славеа во осминафиналните дуели и меѓусебно ќе се борат за место меѓу најдобрите четири репрезентации.

Шпанија во големото дерби на Пиринејскиот Полуостров ја елиминираше Португалија со минимални 1-0. Натпреварот во Далас беше решен во судиското продолжение, кога Микел Мерино во 91-та минута го постигна голот за победа по асистенцијата на Феран Торес. Португалија со овој пораз го заврши настапот на Мундијалот, а Кристијано Роналдо го одигра последниот натпревар на светските првенства и остана без најпосакуваниот трофеј во кариерата.

Белгија, пак, убедливо ја совлада селекцијата на САД со 4-1 и го елиминираше последниот ко-домаќин на турнирот. Натпреварот беше во сенка на контроверзната одлука на ФИФА да го помилува Фоларин Балогун, кој заработи црвен картон на претходниот натпревар со Босна и Херцеговина. Напаѓачот сепак не им помогна многу на своите соиграчи.

Шарл Де Кетеларе беше херој на „црвените ѓаволи“ со два гола и асистенција, а во листата на стрелците се запишаа и Ханс Ванакен и Ромелу Лукаку. Единствениот погодок за Американците го постигна Малик Тилман.

Во четвртфиналето следува голем европски дуел меѓу Шпанија и Белгија, а победникот од тој натпревар ќе игра во полуфиналето против подобриот од пресметката Франција – Мароко.