Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите

/

пред 81 дена

Сподели преку :

о Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за предметот „ИПАРД“, во кој обвинителството гони повеќе лица за наводни злоупотреби поврзани со користењето на средствата од европската ИПАРД-програма.

На денешното рочиште ќе се изведуваат доказите од посебните истражни ПИ мерки, односно треба да бидат преслушани телефонски разговори меѓу обвинетите.

Обвинителството претходно соопшти дека во текот на постапката ќе презентира околу 150 телефонски разговори, за кои смета дека ги поткрепуваат наводите од обвинителниот акт.

Финансова со кривични пријави за измама тешка над 50 милиони денари со ИПАРД средства

На претходното рочиште, кое беше закажано на крајот на јуни, доказите од ПИМ не беа изведени бидејќи судењето беше одложено поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите, кој беше пренесен на лекарски преглед.

Во предметот обвинети се поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, поранешниот министер Џевдет Насуфи и уште неколку лица.

Според обвинителството, дел од обвинетите посредувале и давале поткуп за незаконско добивање средства од ИПАРД-фондовите, додека сите обвинети ја негираат вината.

Околу 150 телефонски разговори меѓу обвинетите во ИПАРД на следното рочшите – денешното се одложи, на обвинет му се слошило во притвор