Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Граната од Првата светска војна тешка 45 килограми пронајдена во коритото на Вардар

/

пред 81 дена

Сподели преку :

Дирекцијата за заштита и спасување  соопшти дека успешно отстраниле неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, од Првата светска војна.

 

–Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата беше реализирана во сложени услови.

Со логистичка поддршка од Територијалната противпожарна единица – ТППЕ Неготино, којашто обезбеди чамец за пристап до локацијата, а пиротехничарот на ДЗС безбедно ја извлече гранатата, по што таа беше транспортирана и обезбедена до нејзиното конечно уништување на Армискиот полигон ‘Криволак’, велат од ДЗС.