Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентскиот тим CodeLeap со проектот RedMetrics е локален победник на 11-тиот Касини Хакатон

/

пред 153 дена

Сподели преку :

Тимот CodeLeap го освои првото место на локално ниво на 11-тиот Касини Хакатон под мотото Вселената за водата кој се одржа во периодот од  24 до 26 април 2026 година во Нетавил, Скопје. Со проект RedMetrics, тимот постави основа за развивање на систем за детекција и предупредување на токсични алгални цветања (т.н. „црвени плими”) базиран на машинско учење, наменет за употреба во здравството и осигурителната индустрија. Оваа среда тимот ќе има прилика да се натпреварува со уште 9 европски земји на европско ниво.

Инаку проектот RedMetrics го поврзува сателитското набљудување на океаните со респираторното здравје, адресирајќи го критичниот момент кога токсичното загадување на водата преминува во јавноздравствена криза преку аеросолизација. Системот користи податоци од европските вселенски програми Copernicus Sentinel-3, C3S ERA5 и Copernicus Marine Service (CMEMS), комбинирани со приобални IoT сензори, за следење на алгалните цветања од длабоко море до брегот.

Клучна иновација на проектот е сопствениот Индекс за респираторен ризик (Respiratory Risk Index, RRI), кој ги преведува еколошките сигнали во предиктивни медицински увиди, овозможувајќи приобалната инфраструктура да се подготви за зголемен број респираторни случаи пред првиот пациент да пристигне во ургентниот центар. Платформата обезбедува 72 часовно прогнозирање на катастрофи директно до софтвер за осигурување.

Проектот е развиен во рамките на тематската област „Следење и спречување на загадување на водите”.

Членови на победничкиот тим:
-Филип Бојаџиевски, анализа на податоци и развој на машинско учење oд Факултетот за електротехника и информациски технологии;
-Бојан Ефтимоски, софтверски развој од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство;
-Никита Јакимовски, хардвер и електроника oд Факултетот за електротехника и информациски технологии;
-Дарко Трајанов, софтверски развој од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство;
-Јаков Спировски, софтверски развој од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство;
-Теона Вангеловска, деловно планирање и финансии од Економскиот факултет – Скопје;
Симона Костадинова, медицинска експертиза и анализа на здравствени влијанија од Медицинскиот факултет – Скопје.

За првото место на локално ниво, тимот CodeLeap ја освои наградата од 3.000 евра, обезбедена од G+D Netcetera. Во среда, 29 април 2026 година, тимот ќе ја претставува Македонија на натпреварувањето на европско ниво, каде десетте локални победници од десет земји ќе се натпреваруваат за главните награди: 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ место и 1.000 евра за трето место, како и шест месеци менторство од врвни европски експерти во областа на вселенскиот бизнис.

Касини Хакатонот е иницијатива на Европската комисија која обединува студенти, инженери, научници и претприемачи со цел развивање иновативни решенија базирани на податоци од европските вселенски програми Copernicus, Galileo и EGNOS. Единаесеттото издание, посветено на предизвиците поврзани со водата, се одржа истовремено на десет европски локации.

Со сателитски податоци од вселената студентите бараат решение за проблемите со водата