Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

/

пред 95 дена

Сподели преку :

Ракометарите на Вардар утре ќе ги дознаат противниците во групната фаза од Лигата на шампиони на ЕХФ. Поранешниот двократен европски првак се враќа во елитното натпреварување по четири години пауза, откако изминатата сезона ја освои шампионската титула во домашната Суперлига.

Новата сезона носи и нов формат во Лигата на шампиони. Во машка конкуренција ќе учествуваат 24 екипи, поделени во шест групи по четири тима. Првите две екипи од секоја група ќе продолжат во главната фаза, каде 12-те квалификувани тимови ќе бидат поделени во две групи. Третопласираните и четвртопласираните екипи од групната фаза ќе се преселат во Европската лига.

Вардар пред ждрепката е сместен во четвртиот барабан заедно со Архус, Целје, Партизан, Криенс-Луцерн и Кристијанштад. Од третиот барабан можни противници на македонскиот шампион се Загреб, ГОГ, Колстад, Висла Плоцк, Порто и Динамо Букурешт.

Во вториот барабан се Монпелје, Пари Сен Жермен, Фуксе Берлин, Мелсунген, Пик Сегед и Кјелце, додека најсилниот барабан го сочинуваат Алборг, Барселона, Нант, Магдебург, Веспрем и Спортинг.

Ждрепката ќе се одржи утре во 11 часот во Виена.