Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Формула 1: Норис победи во Бразил, аплаузите за Ферстапен

/

пред 323 дена

Сподели преку :

Ландо Норис направи сериозен исчекор кон светската шампионска титула со победата на трката за Големата награда на Бразил во Формула 1 шампионатот. Макс Ферстапен уште еднаш покажа дека е неверојатен возач, бидејќи стигна до третото место иако тркат ја почна од боксот.

Норис дојде до доминантна победа на „Интерлагос“ со 10 секунди предност пред Кими Антонели од Мерцедес, додека возач на денот секако беше Ферстапен. Пилотот и актуелен бранител на светската титула по вчерашните очајни квалификации денеска тргна од боксот и успеа да стигне до подиумот.

Џорџ Расел од Мерцедес финишираше како четврти, а Оскар Пиастри целта ја мина како петтопласиран откако во текот на трката доби казна од 10 секунди поради инцидент со Антонели по кој Шарл Леклер ја заврши трката.

Оливер Берман беше шести, а по него следуваат двајцата возачи на Рејсинг Булс, Лијам Лосон и Исак Хаџар, додека последните поени им припаднаа на Нико Хулкенберг и Пјер Гасли.

Норис сега има 24 бодови предност пред тимскиот колега од Мекларен, Пиастри на врвот во генералниот поредок, односно води со 390 бодови.

До крајот на сезоната во Ф1 имаше уште три трки, а следната е за Големата награда на Лас Вегас на 22 ноември.