Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Трета економија на празни фрижидери – граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите

/

пред 81 дена

Сподели преку :

Христијан Мицкоски се фали дека Македонија имала најниска инфлација во регионот. Но граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати, се вели во најновото соопштението на СДСМ.

Потенцираат дека инфлацијата можеби е намалена, но потрошувачката кошница и понатаму тешко се стига. И во овој момент инфлацијата е далеку повисока од тоа што Мицкоски го ветуваше во владината програма и во буџетот за 2026 година.

  • Цените на основните производи останаа високи, а платите се меѓу најниските во Европа. Минималната плата во Македонија е далеку под нивото на соседните земји, а просечната плата не е доволна за нормален живот. Уште поалармантно е тоа што странските инвестиции се намалени за над 60% во однос на периодот пред доаѓањето на оваа Влада, објавува СДСМ.

Во соопштението меѓу другото се вели дека наместо развој и нови работни места, имаме економска стагнација и бегство на капитал. Мицкоски сака да зборува за „економски успеси“, но реалноста е сосема поинаква.