Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дигиталното евро доби зелено светло од ЕУ-ќе значи ли тоа нова безбедност за давателите на услуги надвор од Европа

/

пред 81 дена

Сподели преку :

Европскиот парламент гласаше за започнување разговори со Советот на ЕУ за предлогот за дигитално евро. кој ќе им понуди на граѓаните безбеден начин да ја намалат зависноста од даватели на услуги надвор од ЕУ. Пратениците на ЕУ вчера кажаа дека се подготвени да започнат преговори со владите на земјите-членки за тоа како ќе функционира дигиталното евро.

Со 416 гласови „за“, 169 „против“ и 22 „воздржани“ за создавање дигитално евро Европскиот парламент даде зелено светло  да продолжи кон следната фаза од законодавниот процес.

Дигиталното евро би било електронска форма на пари од централната банка, издадени и поддржани од Европската централна банка . Наменето е да ги надополни готовината и постојните банкарски услуги, наместо да ги замени.