Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еурофарм Пелистер се засили со српскиот бек Алекса Колаковиќ

/

пред 99 дена

Сподели преку :

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска го објави името на деветтото засилување за следната сезона. Повремениот српски репрезентативец Алекса Колаковиќ потпиша договор со битолскиот клуб.

Колаковиќ има 28 години и игра на позицијата среден бек. Во Македонија доаѓа по шест сезони минати во француското првенство. Четири сезони настапуваше за Сан Рафаел, а последните две за Шартр. Во досегашната кариера има и шест настапи за репрезентацијата на Србија.

Со Еурофарм Пелистер потпиша едногодишен договор, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.

За новиот тренер Лино Червар, Колаковиќ е вкупно деветто засилување по Серафимов, Котар, Мехмедовиќ, Џелетовиќ, Татар, Белистојаноски, Басанесе и Џелиловиќ.

Еден од најважните потези за „пелистерци“ во пресрет на новата сезона е и останувањето на капитенот Филип Кузмановски, кој го продолжи договорот со клубот.

Фото: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук