Шпанскиот национален суд им наложи на даночните власти во земјата да ѝ вратат 55 милиони евра на пејачката Шакира откако пресуди дека парите незаконски ѝ биле наплатени во спор околу висината на нејзините даноци.
Високиот национален суд ја ослободи колумбиската пејачка од обвинение за даночна измама и му наложи на Министерството за финансии да ѝ ги врати парите плус камата. Според Судот, даночните власти не успеале да докажат дека таа поминала 183 дена во Шпанија во 2011 година – минимум потребен за жителите да платат данок на личен доход таму.
Судот утврдил дека таа поминала 163 дена во Шпанија во таа финансиска година – 20 дена помалку од прагот за да биде класифицирана како резидент за даночни цели. За да избегне судење за поширок случај на измама, Шаќира во 2018 година склучи посебна спогодба со шпанската даночна агенција.
Денешната одлука на Судот, таа ја посвети на илјадниците обични луѓе кои се борат да ја докажат својата невиност.
Шакира изјави дека судот ја исправил неправдата по осум години „ брутално јавно таргетирање, оркестрирани кампањи за уништување на угледот и бессони ноќи“ што влијаеле на нејзиното здравје и на нејзиното семејство.
Даночната агенција соопшти дека ќе се жали до Врховниот суд и дека нема да се изврши никаква исплата до конечната пресуда.











