Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска се очекуваат првите испораки на нафта преку Јанаф за Србија

/

пред 264 дена

Сподели преку :

Српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, изјави дека денеска наутро, по речиси 100 дена, преку нафтоводот Јанаф  ќе бидат испорачани првите количини од 85.000 тони нафта, што треба да се испорачаат оваа недела, објави Министерството.

-Рафинеријата во Панчево почнува со работа околу 16 јануари, во секој случај пред крајот на неделата, а очекуваме првиот дизел да излезе од производство и да биде на пазарот околу 26 и 27 јануари, изјави таа.

Нагласувајќи дека во претходниот тежок период, „државата успеа да го снабдува пазарот без проблеми, и покрај тешкотиите“, таа потсети дека сега Нафтената индустрија на Србија има оперативна лиценца за работа.

Српската министерка додаде дека по тие 85.000 тони, се очекува да пристигнат дополнителни 35.000 до 45.000 тони нафта во следната недела.