Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија треба да му исплати речиси 3.500 евра отштета заради притворот на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски, одлучи ЕСЧП

/

пред 81 дена

Сподели преку :

Европскиот суд за човекови права одлучи дека  државата треба да му исплати 3,465 евра на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски. Како обвинет во предметот „Организатори на 27 април“, тој поминал шест месеци ефективен притвор и уште речиси 19 месеци куќен притвор и се жалеше на повреда  правото на слобода и безбедност.

Во одлуката на ЕСЧП стои дека по неуспешните преговори за пријателско спогодување, Владата го информирала Судот дека предложила еднострана декларација со цел решавање на прашањата покренати со овие жалби.

Во декларацијата поднесена до Судот, Владата признала дека имало повреда на правата на подносителот,

  • Имајќи ги предвид признанијата содржани во едностраната декларација на Владата, како и предложениот износ на надоместок, кој е во согласност со износите досудени во слични предмети, Судот смета дека повеќе не е оправдано да продолжи со разгледувањето на апликацијата, стои во одлуката на ЕСЧП

Адвокатот на Атанасовски вели дека за време на целата постапка укажувал дека притворот е незаконски