Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Детски психијатар од Хрватска се сомнични дека злоставувал деца и им давал наркотици

/

пред 292 дена

Сподели преку :

Во клиничкиот болнички центар Осиек  46-годишен детски психијатар е уапсен и кривично се гони под сомнение за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои злоставување малолетни пациенти, олеснување употреба на дрога и неовластено производство и трговија со дроги, соопшти хрватската полиција.

Според истрагата, осомничениот ја злоупотребувал својата позиција во КБЦ Осиек во периодот од 2016 до 2019 година, кога на четворица малолетни пациенти им се обраќал со несоодветни зборови, ги допирал непримерно и им давал да консумираат дрога. Дополнително, од 2018 до 2023 година им давал дрога и на две возрасни лица, негови познаници пренесуваат хрватските медиуми.

Врз основа на судска наредба, полицијата извршила претрес во неговиот дом, ординација и возило, при што се пронајдени и конфискувани компјутери, мобилен телефон и поголема количина дрога – марихуана, МДМА, хашиш, амфетамин и шприц со непозната содржина.

По завршување на истрагата, осомничениот е предаден на надзорник за притвор. Дирекцијата нКБЦ Осиек веднаш го отстрани од работа, наведувајќи дека соработува со сите надлежни институции.
Министерството за здравство на Хрватска ги осуди делата, нагласувајќи дека има нулта толеранција за насилство и злоупотреба во здравствениот систем и дека заштитата на пациентите, особено на децата, е апсолутен приоритет.

Т.Д.

Извор на фотографија: Социјални мрежи