По 41-ви пат беше прекината конститутивната седница на собранието на Косово, откако повторно не беше усвоен предлогот на Самоопределување гласањето за избор на претседател на собранието да биде тајно.
Демократскиот сојуз на Косово, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднина на Косово и Српската листа ни денеска не предложија членови за комисијата за тајно гласање, пренесе МИА.
За формирање на комисија за тајно гласање се изјаснија 54 од 99 присутни пратеници.











