Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косово оди на предвремени избори, Вјоса Османи вели ова е наизбежно

/

пред 212 дена

Сподели преку :

Вјоса Османи, претседателката на Косово денеска го распушти Парламентот, бидејќи според неа, претставниците на земјата „одлучиле да ја однесат земјата на избори“, пренесува Еуроњуз на албански јазик. 

  • Оваа ситуација беше целосно избежна. Голема несреќа е што тие претставници не ги избраа интересите на народот, нагласи таа.

Таа ги даде овие изјави неколку часа откако заврши рокот за избор на нов претседател.

Процесот не успеа во Собранието поради недостаток на кворум. Кандидати за претседател беа Глаук Коњуфца и Фатмире Колчаку-Мулаџа, двајцата предложени од владејачката партија, Движењето Самоопределување.

По неуспехот на процесот, претседателката на Собранието, Албулена Хаџиу, објави дека побарала од Уставниот суд привремено да ги суспендира уставните рокови во врска со изборот на новиот претседател на Косово.

Претседателката на Косово го нарече неодговорно тоа што Собранието не успеа да избере нов претседател, додека рече дека ситуацијата ја предизвикале луѓе „со опасни намери“.