Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Авион со 200-те патници излетал од пистата, 16 загинати

/

пред 2248 дена

Сподели преку :

Авион „Ер Индија Експрес“ кој летал од Дубаи излетал од пистата за време на слетувањето во градот Карипур во Индија, и заврши во блиските полиња преполовен на два дела. Загинаа 16 луѓе, меѓу нив и пилотот, а 35 се пренесени во болница со тешки повреди. Голем дел од патници се евакуирани, но има заробени под остатоците на авионот. Спасувачката акција е во тек, а екипите се обидуваат да извлечат дел од патниците.

Авионот превезувал 184 патници, меѓу нив и десет деца, и седум членови на екипажот. Во моментот на слетувањето авионот бил предупреден за лошото време, проследено со монсунските дождови, но пилотот сепак се одлучил да слета. Причината за несреќата се уште не се знае.

Авионскиот лет бил организиран од владата да ги врати Индијците кои останаа во другите држави поради корона кризата.