Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Америка забрани увоз на руска нафта, гас и јаглен

/

пред 1685 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден потврди дека воведува целосна забрана за увоз на руска нафта, гас и јаглен.

Бајден вели дека овој потег значи дека „американскиот народ ќе му нанесе уште еден силен удар“ на раководството на Путин.

„Ние нема да бидеме дел од субвенционирањето на војната на Путин“, додава Бајден.

И покрај стравувањата од зголемување на цените на бензинот, потегот доби широка политичка поддршка во САД.

Цените на нафтата се зголемија во очекување на најавата на Бајден, односно цената на суровата нафта БРЕНТ, кој е меѓународниот репер, порасна за повеќе од 5%, на 130 долари за барел.

Потегот на САД е подиректен отколку во Европа, која е многу повеќе зависна од руската нафта и гас.