Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антивоени протести во повеќе руски градови, уапсени над 700 лица

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Најмалку 735 лица се уапсени за време на протестите кои се одржуваат во повеќе руски градови против инвазијата на Украина, соопштуваат невладини организации од Русија.

Според нив, најмасовен е протестот во Москва, кој се одржува во близина на Кремљ, и од каде е најголемиот број уапсени демонстранти, дури 300 лица.

Според информациите од руската опозиција во Москва демонстрирале околу 2.000 лица, додека на протестите во Санкт Петерсбург учествувале околу 1.000 демонстранти.

Невладината ОВД-Инфо тврди дека биле уапсени демонстранти во 40 руски градови.