Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Африканската чума се заканува да уништи бизнис од 100 милиони евра

/

пред 1728 дена

Сподели преку :

Македонските одгледувачи на свињи по првиот случај на африканска чума во делчевското село Драмче се исплашени.

Доколку не се преземат сите мерки и контроли може да се уништи бизнис тежок 100 милиони евра. Пари кои остануваат во македонската економија. Афиканската свинска чума е заразно заболување, кое не е опасно за луѓето, но доколку се појави и еден случај во една голема фарма се ништат сите свињи. Ваквите фарми со месеци ќе останат празни, што во поголем процент ќе значи и трајно затварање на голем дел од големите одгледувалишта.

Претседателот на здружението на одгледувачи на свињи „Македонско прасе“, Бојан Ѓорѓиевски вели дека во моментов и официјално ги чекаат резултатите од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои треба да кажат дали заразата во делчевско Драмче пристигнала од дива свиња.

“Ова е како корона вирус кај свињите. Во рок од три до пет дена може да предизвика да угине цело стадо. Не постои вакцина против неа и единствено може да помогнат биосигурносните мерки. Не се пренесува на луѓето, а месото може да се користи со термичка обработка. Ќе чекаме од АХВ да видиме дали и официјално заразата е дојдена од дива свиња, по што ќе ги кажеме и нашите предлози за справување со болеста“ –  вели Ѓорѓиевски.

Македонските одгледувачи на свињи ќе бараат порадикални мерки кон високоризичните фарми.

Забранет е и ловот на сите видови дивеч во Брегалничкиот регион од Штип до Делчево.

Во тек е и вонредниот попис и преглед на сите одгледувалишта во Делчевско, а до крајот на јануари треба да заврши и во цела држава.

Одгледувачите задолжително треба да пријават угинување на животни и сомнеж за болеста.

“Во зоната под надзор се забранува движење и превоз на свињите во и од сите одгледувалишта од заштитната зона, освен ако свињите се упатуваат на колење во најблиската соодветна кланица. Во оваа зона, наредени се мерки за следење на состојбата и за спроведување на засилени биосигурносни мерки на фармите, а засилени ќе бидат и контролите“ – велат преку соопштение од  Агенцијата за храна и ветeринарство.

Во земјава од свинарството директно или индиректно живеат околу 10.000 семејства, дури 60 % од свињите се одгледуваат во индивидуални стопанства. Македонија пред две години се заштити од ширeње на африканската свинска чума од соседна Бугарија и Србија, само во Бугарија беа угинати над 300.000 свињи, а македонските одгледувачи официјално годишно одгледуваат помалку или вкупно 250.000 свињи.

Викторија Јованова