Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден и Трамп се судрија за КОВИД, расизмот и климатските промени

/

пред 2171 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД Доналд Трамп и поранешниот потпретседател Џо Бајден се соочија на последната дебата на помалку од две недели пред изборите на 3 ноември. Двајцата кандидати во Нешвил, Тенеси учествуваа во 90 минутна телевизиска дебата која се одвиваше помирно од нивната прва хаотична пресметка. Ова беше потпомогнато од правило за исклучување на микрофонот за кандидатот што предолго зборува. Трамп, кој заостанува во повеќето анкети на јавното мислење, го бранеше неговото справување со пандемијата на коронавирусот, што беше почетна тема на дебатата.

Тој рече дека Соединетите држави „учат да живеат“ со вирусот и дека ќе имаат вакцина до крајот на годината и затоа повика на отворање на бизнисите и спасување на економијата. „Го минавме ќошето“, рече Трамп, кој беше заразен со коронавирус во почетокот на овој месец но, брзо се опорави. „Ние мора да заздравиме. Не можеме да ја затвориме нашата нација“.

Бајден одговори дека со ширење на пандемијата, Трамп не планира да ја спречи „мрачната зима“ на смртни случаи од коронавирус. „220.000 Американци починаа. Ако не слушната ништо друго што велам вечерва, слушнете го барем ова“, рече Бајден, додавајќи: „Секој што е одговорен за толку многу смртни случаи, не треба да остане како претседател на Соединетите Американски Држави“.