Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден рече „не“ за кратењето на буџетот на полицијата

/

пред 1703 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е против кратење на буџетот на полицијата за борба против оруженото насилство во земјата.

Бајден се состана со новиот градоначалник на градот, Ерик Адамс, во Њујорк за да разговараат за зголемувањето на стапката на криминал и оруженото насилство низ целата земја.

Давајќи изјави во полициската управа во Њујорк, Бајден рече дека начинот за намалување на стапката на криминал и оруженото насилство во градовите не е да се скрати полицискиот буџет.

„Начинот на борба против криминалот не е да ги напуштиме улиците, туку да изградиме доверба и да ја обезбедиме нашата безбедност со здружување на полицијата и општеството. Начинот да го направите ова не е да го скратиме полицискиот буџет, туку да ви обезбедиме алатки, обука и финансирање“, рече Бајден.

Изјавувајќи дека 350 милиони долари дополнителни средства ќе бидат доделени за борба против криминалот, Бајден се спротивстави на намалувањето и кратењето на буџетот на полициските оддели.

Дебатите за кратење на полицискиот буџет дојдоа до израз по смртта на црниот Американец Џорџ Флојд како последица на полициското насилство во Минеаполис, САД, а за тоа се уште се разговара во земјата.