Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Беса Транс бил казнет со 6 илјади евра поради непочитување на ковид протоколи

/

пред 1774 дена

Сподели преку :

Од четири кривични пријави поднесени против Беса Транс за непочитување на ковид протоколи три се завршени а еден предмет е активен, велат за Телма од Кривичниот суд.

Обвинителството поднело две пријави и пресудите се вкупно 4 илјади евра казна за фирмата и 300 илјади денари за сопственикот и управител.

Државниот инспекторат за транспорт исто така поднел две пријави од кои една е завршена и казната е 500 евра за сопственикот и две илјади евра за фирмата.

За втората пријава предметот не е завршен.

Инаку според информациите од вчера, автобусите на Беса биле затекнати на граница со повеќе патници од дозволеното во ковид пандемијата во време кога важеа мерките за намален број на патници.