Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велика Британија нареди персоналот во амбасадата во Киев да ја напушти Украина

/

пред 1714 дена

Сподели преку :

По САД и Велика Британија нареди персоналот на амбасадата во Киев и нивните семејства да ја напуштат Украина.

Веб-страницата на британското Министерство за надворешни работи, Комонвелтот на нации и Канцеларијата за развој (ФЦДО) објави соопштение дека владата во Лондон „преферирала привремено да повлече дел од персоналот и зависните лица од Киев“.

Во соопштението, во кое се наведува дека Амбасадата во Киев ќе остане отворена и ќе продолжи да им помага на британските граѓани во Украина, носителите на британски пасоши беа повикани да го пријават своето присуство во Украина.