Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан бајрам

/

пред 2256 дена

Сподели преку :

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан бајрам.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините.

Курбан бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

– Милосрдието и човекољубието нека бидат дел од нашите животи не само за празничните денови, туку и низ целата година. Да продолжиме искрено и суштински да споделуваме со нашето семејство, со нашите пријатели и со целата заедница, стои во честитката од претседателот Стево Пендаровски.

Денес кога целата човечка цивилизација е соочена со пандемијата со Ковид-19, се подвлекува, како никогаш досега мораме да покажеме заедништво и слога и сплотени да излеземе како победници. Изразува верување дека токму со силата на молитвата и со љубовта ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме на личен и колективен план.