Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Анима Мунди тврди дека меѓу групата луѓе кои се изживуваат врз живо јагне врзано за нозете е и Инспектор за заштита на животните од Берово

/

пред 1702 дена

Сподели преку :

Здружението за заштита на животни “Анима Мунди” објави видео снимка на Фејсбук на која тврди дека е снимен Инспектор за заштита на благосостојбата на животните во Берово, од Агенцијата за храна и ветерина, како дел од поголема група луѓе снимена во куќа во која едно јагне, врзано за нозете се принесува живо на маса со повеќе луѓе кои ги забавува и жива музика.

“Видно задоволен, го гледа и снима престрашеното животно во очи, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити, но го измачува.

Во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државните институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат? Во кое нормално општество, испектор за заштита на животние е соучесни во нивното малтретирање, причинување непотребн стрес, страдање?” – реагираат од “Анима Мунди”.

Од организацијата бараат итно покренување дисциплинска постапка од страна на агенцијата за храна и ветеринарств против инспекторот од ПЕ Берово и негово трајно отстранување од вршење на службена должност во институцијата.