Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Додик со песна ги дочека санкциите од САД: „Еден метар од нашето село, цела Америка“

/

пред 1731 дена

Сподели преку :

Милорад Додик, српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, синоќа во кафуле со сопартијци и пријатели ги „прослави“ новите санкции што му ги воведоа САД.

Само неколку часа откако САД ја проширија листата на претходно воведени санкции, членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, пееше во локално кафуле со пријателите и сопартијците.

Сојузот на независни социјалдемократи на Додик на својот Твитер профил објави видео од „прославата“.

 

„Америка, Америка, голема земја, но еден метар од моето село – Америка цела“, се пееше со хармоника на масата на Додик.

Според порталот Нова.рс, на прославата присуствувале претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, советникот на Додик Радован Ковачевиќ, директорот на УЦК на Република Српска Владо Ѓајиќ, претседателот на Домот на народите на Парламентот на БиХ Никола Шпириќ, претседавачот на Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија и претседателката на клубот СНСД во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ, Сњежана Новаковиќ Бурсац.

Соединетите Американски Држави ја проширија листата на санкции поврзани со дела поврзани со корупција ширум светот, а сега ги вклучуваат Милорад Додик, Милан и Тијана Тегелтија и Алтернативна телевизија од Бања Лука.