Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Разнесен станбен блок во Киев, најмалку две лица загинаа

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Најмалку две лица загинаа, а најмалку три се повредени во руски ракетен напад што утрово нешто пред 6 часот погоди станбена зграда во Киев.

Првите бројки за загинатите и ранетите ги потврди советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.

Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека руска артилериска граната погодила деветкатница и оштетила неколку станови.

Погодениот станбен блок се наоѓа во областа Оболон во Киев.

Киев Индипендент пишува дека во моментов гори станбена зграда на девет ката, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот.

Украинската служба за итни случаи објави слики и снимки од пожарот, додавајќи дека дојавата ја добиле нешто по 17 часот. Киев Индипендент пишува дека спасувачите веднаш почнале со евакуација и гаснење на пожарот и дека засега нема информации за жртви.