Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Се извлекуваат телата на починатите во автобуската несреќа во Бугарија

/

пред 1775 дена

Сподели преку :

Екипа на Телма е на местото на несреќата каде што утрово животот го загубија 46 лица кога изби пожар во автобус што превезувал македонски граѓани кои биле продолжен викенд во Истанбул.

Несреќата се случила на автопатот „Струма“ на 37 километри оддалеченост од Софија.

Лица на судска медицина ги извлекуваат телата на починатите лица кои понатаму ќе бидат идентификувани.

На местото каде што се случи автобуската несреќа е и јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска кои денеска итно отпатуваа на местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Република Бугарија. Исто така присутен е и директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов.