Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Телма во Бугарија – како се случи несреќата на автопатот Струма?

/

пред 1775 дена

Сподели преку :

Голема автобуска несреќа се случи на автопатот Струма во Бугарија, во која загинаа 46 луѓе, меѓу нив 11 се малолетници.

Четири годишни близнаци се најмладите жртви. Патниците заедно со своите семејства се враќале во Македонија по продолжениот викенд во Истанбул. Седуммина повредени се во добра состојба во болница во Софија.

Во трагедијата што се случи во Бугарија загинаа 5 ученици од ОУ „Исмаил Ќемаили“. Тие биле на патување со своите семејства, а наставата во прва смена била прекината, бидејќи децата се вознемириле, а втората смена сега работи.

Тимови на двете обвинителства веќе работат на откривање на причините за несреќата, а тимови на крим-техника од македонското МВР патуваат на местото на несреќата.

На лице место на несреќата е нашиот репортер Миомир Серафиновиќ.