Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Властите во Киев воведоа полициски час

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Киев воведе полициски час, со траење од 22 часот до 7 часот наутро.

Ова е неопходен чекор. Во сегашните услови на воена агресија и вонредна состојба, ова е неопходно за безбедноста на жителите на главниот град. Јавниот превоз нема да функционира за време на полициски час. Во исто време, метро станиците ќе бидат деноноќно достапни како засолништа. Ги молиме сите жители на Киев да се вратат во своите домови на време, се наведува во соопштението од канцеларијата на градоначалникот на Киев.

„Ако треба да се движите низ градот за време на полициски час, особено вработените во компаниите за критична инфраструктура, мора да имате документи за идентификација“, се посочува во соопштението.

Од почетокот на руските напади на Украина, луѓето се кријат во метрото во Киев. Во главниот град на Украина е прогласена воздушна опасност. Луѓето се повикани да се кријат во засолништа.