Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО ДПМНЕ бара да се намалат акцизата за горивата и ДДВ на храна и парно

/

пред 1693 дена

Сподели преку :

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ достави до  Собранието два  предлог закони, за намалување на цената на акцизата на горивата и на данокот на додадена вредност за прехрамбени производи и парното. Се предлага намалување на акцизата за горивата за моторни возилата за 50% со што значително ќе се намали финансискиот товар врз граѓаните и транспортните компании. Со ова цената на бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а цената на дизел горивото за 9,5 денари.Со вториот предлог на закон се бара  до 31 декември 2022 година да се намали данокот на додадена вредност за производите за  исхрана и за топлинската енергија , односно парното да бидат со 0%. Дополнително, бараат и ДДВ за електричната енергија да биде 5% и во остатокот од 2022 година.Законите се предлагаат за полесно справување со новиот бран на поскапувања.