Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Османи и Маричиќ за контрадикторни ставови во однос на разговорите со Бугарија

/

пред 1702 дена

Сподели преку :

ВМРО-ДПМНЕ обвини за контрадикторни ставови на  Османи и Маричиќ во однос на разговорите со Бугарија.

Опозицијата тврди дека министрите се разидуваат во изјавите околу роковите, односно дека едниот вели дека не треба да се врзуваме со рокови, а другиот  предлага сите прашања, да бидат меѓусебно поврзани во еден роковник, во рамки на еден договорен пакет.

Ова остава впечаток на дипломатијата без стратегија и план, велат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат дали во контрадикторните ставови на владините функционери се крие обид  за замајување на јавноста, додека се подготвува тргување со националните интереси.