Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски интервјуто на Заев го нарече храбро

/

пред 2137 дена

Сподели преку :

Во врска со вчерашнто интервју на г-динот Зоран Заев за бугарската информативна агенција БГНЕС кое воглавно беше пречекано со голем број критики од македонската јавност, ВМРО-Народна партија сака да токму г-динот Зоран Заев за македонската историја.

За жал она што македонската историографија требаше да го отвори во изминатите три децении на демократија дочекавме еден политичар во функција на премиер радикално да ни го соопшти.

Сите работи што ги зборуваше г-динот Заев согласно со објективната историја и согласно со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани само зборува колку македонското општество било индоктринирано.

Посебно ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со истата држава.