Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Воспитувачка од детска градинка во Гостивар е позитивна на корона

/

пред 2173 дена

Сподели преку :

Регистриран е прв случај на коронавирус во детските градинки во Гостивар. Воспитувачка е позитивна на Ковид 19. Таа резултатите од тестирањето ги добила вчера, а на работа последен пат била во петокот.

Во домашна изолација се ставени сите 10 деца во групата што ја води на возраст од 2 до 3 години, како и нејзината колешка, негувателка.

До сега ниту едно од децата и негувателката кои се во изолација не пројавиле симптоми на ковид. Во просторијата на групата ќе се спроведе и вонредна дезинфекција. Од градинката велат дека од повторното отворање тие функционираат под посебни протоколи, кои ги почитуваат.

Во градинките во Гостивар моментално престојуваат 250 деца. Меѓу дечињата до сега не се појавил сомнителен случај на коронавирус.

Данијела Билбилоска