Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Австрија крахира системот за ПЦР тестирање

/

пред 1785 дена

Сподели преку :

Поради големиот прилив во поединечни австриски покраини крахира системот за ПЦР тестирање односно долго време се чека на резултатите.

– Може долго да се чека долго бидејќи лабораториите во некои општини и региони се преоптоварени, соопшти австриската Комора на аптекарите.

Најпогодена е покраината Салцбург, каде аптеките привремено го суспендираа ПЦР тестирањето. Исто така долго се чека на резултатите во покраините Форарлберг и Тирол.

Најмногу се погодени невакцинираните лица, на кои тестовите им се потребни за на работа. Во Австрија се применува 3Г правилото односно граѓаните за да одат на работа треба да имаат сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен тест.