Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во галеријата Остен отворена изложба за жената како носечки столб на светот

/

пред 1667 дена

Сподели преку :

Како вовед во Меѓународното биенале на цртеж што го организира галеријата Остен, денеска беше отворена изложбата „ Госпоѓа и госпоѓица X“, на Марија Павловска.

Уметницата се претставува со серија дигитални фотографии и видео, кои ја доловуваат жената како столб на човековото постоење.

Со оваа изложба Павловска лани учествуваше на Биеналето во Фиренца.

„Три елементи доминираат во оваа серија: жицата, кругот и ѕидот.Жицата како симбол на нескришливост, која добива форма на безброј кругови, правилни или неправилни. Симболи на безбројните одлуки во животот на жената.Но секогаш совршени, како и кругот.Како и нивните рефлексии врз белата површина на ѕидот, континуираните препреки и предизвици во животот на секоја жена“ – вели кустосот на изложбата, Корнелија Конеска.

„Еден носечки столб на постоењето , без кој не се може. И во секој случај максимално рамноправна  со другата популација, мислам машката“ – додава визуелната уметница, Марија Павловска.