Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во моментот на пожарот во фабриката имало двајца вработени, кровот изгорен за 15-тина минути

/

пред 1715 дена

Сподели преку :

Во моментот кога избил пожарот во фабриката имало двајца вработени, кои според градоначалникот Коњановски биле навремено евакуирани и тие се на безбедно. Нема човечки жртви, ниту повредени.

Пожарот го гаснат 25 пожарникари, а целиот капацитет на ТППЕ Битола е ставен во полн капациетет. Но, на помош доаѓа и противпожарната единица на РЕК Битола. Пожарот се уште не е локализиран, се претпоставува дека тешко ќе оди и гаснењето со оглед на тоа што објектот е стара конструкција со греди стари 100 години, што било причина и кровот да изгори за неполни 15-тина минути.

Причината за пожарот се уште не се знае, на терен се локалните власти, и обвинител.