Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Нов Зеланд, конвој камиони ги блокираше улиците околу парламентот: „Вратете ни ја слободата“

/

пред 1699 дена

Сподели преку :

Конвој од камиони и кампери денеска ги блокираа улиците околу парламентот Велингтон во знак на протест против здравствените мерки по примерот на повеќедневната блокада на канадската престолнина Отава.

„Вакциниран сум, но се спротивставувам на тоа да ги принудуваат луѓето“, изјави еден од демонстрантите.

На возилата може да се видат пораки како „вратете ни ја слободата“ и „принудата не е согласност“. Протестот беше мирен и полицијата соопшти дека нема апсења или поголеми инциденти.

 


Премиерката Џасинда Ардерн рече дека нема намера да разговара со инволвираните. Таа посочи дека мнозинството граѓани на Нов Зеланд ја поддржуваат владината програма за вакцинација.

„96 отсто од Новозеланѓаните се вакцинирани, што ни овозможува да живееме со помалку ограничувања денес благодарение на обезбедената заштита“, изјави премиерката за Радио Нов Зеланд.

Во Нов Зеланд, вакцинацијата против Ковид-19 е задолжителна за луѓето кои работат во сектори како што се здравството, полицијата, образованието и одбраната.

Потребен е сертификат за вакцинација за влез во ресторани и учество во спортски настани или верски церемонии. Не е задолжително за користење на јавен превоз, влез во продавници, училишта и пристап до здравствени услуги.