Во Охрид до 11 часот гласале 13,16% . На едно од гласачките места гласач се обидел да го фотографира гласачкото ливче, но го забележале членовите на избирачкиот одбор, по што тој избегал. Неговиот идентитет е познат и веднаш бил пријавен во ДИК. Граѓаните на Охрид во голем број гласаа, и пред камерата на Телма ги кажаа своите очекувања од овие избори.











