Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во пацифичкото кралство Тонга за прв пат е регистриран случај на Ковид-19

/

пред 1803 дена

Сподели преку :

Премиерот на пацифичкото кралство Тонга, Похива Туионетоа денеска изјави дека во земјата е регистриран првиот случај на Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Тонга, што е лоцирана на околу 2.300 километри северно од Нов Зеланд ги затвори границите на почетокот од пандемијата и досега немаше заболени лица.

Вирусот е потврден кај патник кој се враќал од Нов Зеланд, кој заедно со другите 214 лица се изолирани и ставени во карантин по нивното враќање во Тонга на 27 октомври. Во авионот имало сезонски работници и некои претставници на олимпискиот тим на Тонга кои заглавија во Нов Зеланд на враќање од Олимписките игри во Токио. Ним не им беше дозволено да влезат во Тонга со недели откако беа откриени случаи на Ковид-19 во Нов Зеланд.

Премиерот Туионетоа ги повика жителите на Тонга да се подготват за можни ограничувања и да се вакцинираат.

Во Тонга вакцинирани се 48 отсто од населението со прва доза, а 31 отсто се целосно вакцинирани.

Здравствените власти на Нов Зеланд вчера потврдија два случаи на Ковид-19 во Крајстчерч, први инфекции во градот по една година. Министерството за здравство на Нов Зеланд соопшти дека патникот имал негативен наод пред да замине од Нов Зеланд.