Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени 29 патници од Косово, автобус удрил во камион со дрва

/

пред 1720 дена

Сподели преку :

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој биле се судрил со камион во градот Ќустендил.

Според косовските медиуми, несреќата се случила околу 4.30 часот, кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва.

Возачот на камионот наводно се обидел да им укаже на другите во сообраќајот дека паднало дрво на коловозот. Автобусот удрил во камионот и излетал од патот.

Возачот на автобусот се здобил со полесни повреди и е пренесен во локалната болница.

Истрагата на самото место ја спроведе полицијата, а поради сообраќајна незгода е поведена постапка и за истата е известен обвинител.