Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Тетово времено запрен јавниот градски превоз

/

пред 1761 дена

Сподели преку :

Општина Тетово денескa извести дека времено ќе биде прекинат јавниот превоз со автобуси низ градот. За одлуката наведуваат повеќе причини, а според нив јавниот превоз ќе продолжи по завршување на согледување на состојбите околу вработените и финансиите на јавното претријатие.

– Поради хаосот, работење без придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи не регистрирана, додека вработените во фирмата ЈП „Тетовo транспорт“ се наведени како вработени во општината, како и поради многубројни неправилности привремено ќе биде во прекин јавниот превоз. Ова одлука доаѓа за да не се оштети уште повеќе џебот на граѓанинот и за неконтролираните трошоци во ова  претпријатие. Ваквата состојба ќе трае се додека не заврши конечното скенирање на состојбите создадени во ова претпријатие од претходните раководни структури. Исто така, сакаме да ве информираме дека в.д ќе биде Рафиз Мејдија, се вели во соопштението на Општина Тетово.

Јавниот градски автобуски превоз во Тетово почна да се одвива на 16 август годинава во време на претходната градоначалничка. За потребите на претријатието беа набавени пет автобуси.