Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Тетово и Гостивар ќе се гласа во втор круг

/

пред 1812 дена

Сподели преку :

Актуелните градоначалници на двата полошки града влегуват во тесна трка за нов мандат. Во вториот круг на локалните избори Теута Арифи од Демократската унија за интеграција ќе се бори за уште еден мандат за општина Тетово, заедно со кандидатот на Движењето БЕСА, Биљал Касами. Според податоците на Државната изборна комисија Арифи освои 29,04 % од гласови, односно за неа на вчерашните избори гласале 11.138 граѓани, додека Касами доби 10.496 гласа, односно 27,37% од вкупниот број гласови.

Актуелниот градоначалник Арбен Таравари, којшто вчера на плоштадот во Гостивар славеше победа, сепак оди во вториот круг на локалните избори со освоени 49,88% проценти од гласовите, односно за него гласале 15.724 граѓани, додека противкандидат ќе биде Невзат Бејта од ДУИ, со освоени 13.190 гласа, одсноно 41,84 %.

Инаку за општина Тетово имаше 7 кандидати за градоначалници, додека за општина Гостивар 4.

Данијела Петковска