Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Тетово повеќе првачиња од место во училиштата

/

пред 2228 дена

Сподели преку :

За Основното училиште Лирија од Тетово, кое се наоѓа во централното градско подрачје, има голем интерес за упис на првооделенци. Пријавени се 30-тина деца во македонските и 100-тина во албанските паралелки. Директорката, Самије Алили, вели дека дополнително проблем е што најголем дел од одделенијата имаат над 30 ученици, со што се поставува прашањето дали ќе има доволно простор доколку се поделат во групи, според протоколот за новата учебна година?

Алили вели дека согласно протоколите за заштита училиштето се подготвува за новата учебна година. Се врши целосна дезинфекција на просториите и засега има доволни количини дезинфикциони средства.

Протоколот за безбедно одвивање на образовниот процес меѓу другото предвидува дека родителот е должен, секој ден пред поаѓање на училиште, да му мери телесна температура на детето. Наставата во училница да се изведува со најмногу до 20 ученици и обезбедено физичко растојание од 1,5 метар.

Данијела Билбилоска