Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Хрватска уапсен министерот за градежништво Дарко Хорват

/

пред 1688 дена

Сподели преку :

Хрватската полиција во соработка со УСКОК утрово по извршениот претрес го уапси хрватскиот министер за градежништво, просторно планирање и државен имот Дарко Хорват во Меѓумурје. Хорват се товари за злоупотреба на службената должност и овластувања.

Станува збор за истраги поради повеќемилионски незаконски дејствија. Истражните органи ја проверуваат вмешаноста на Хорват во злоупотребите за кои се сомничи неговата поранешна помошничка Ана Мандац која организирала државна помош за претприемачи од Министерството за економија во времето кога го предводел Хорват.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вели дека ДОРХ треба да ја информира јавноста што е толку итно при неговото апсење.

Заедно со Хорват, под истрага се и поранешниот министер за земјоделство Томислав Толушиќ и потпретседателот на Владата, Борис Милошевиќ. Според досегашните информации, тие се осомничени дека барале вработување преку врски и поради давање државна помош.

Мартин Николовски