ВМРО-ДПМНЕ побара преиспитување на доверба на владата, дел од албанските медиуми тврдат Скендер Реџепи од Алтенатива се повлекол од списокот на Мицкоски за ново парламентарно мнозинство. Зијадин Села од Алијанса за Албанците е категоричен – на хартија имаме 61 потпис, а СДСМ е уверена дека парламентарното мнозинство е стабилно.
Пратеникот на Алернатива Скендер Реџепи во изјава за „Слободен печат” вели дека вечер ќе се обиде да ги разубеди пратениците од неговата партија да не гласаат да падне Владата, доколку Левица остане во новото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.
– Доколку во моментов треба да се гласа доверба на Владата очекувам да има 61 плус односно во тек се интензивни преговори и со уште неколку пратеници во македонското Собрание и очекувам дека иницијативата за недоверба на Владата ќе ја потпишат повеќе од 61 пратеник, рече Николоски.
Коментирајќи ја изјавата на пратеникот Реџепи од Алијанса на Албанците, тој рече дека била јасна и оти не треба да се вади од контекст, а тоа е дека тој ќе поддржи недоверба на Влада.











