Украинското Министерство за внатрешни работи објави снимки од станбената зграда во Киев која беше оштетена рано утрово. Триесет и пет лица, меѓу кои две деца се повредени во тешките борби во текот на ноќта во Киев, според градоначалникот на градот, нема загинати во станбениот блок, наводно погоден од руски проектил.











