Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грчки Интаракт продолжува да ја гради новата клиничка болница во Штип

/

пред 1703 дена

Сподели преку :

Грчки Интаркат и годинава ќе работи на изградбата на новата Клиничка болница-Штип. Од Министерството за здравство за Телма велат  рокот за завршување на првата фаза е до 31.12.2022г, а изведувачот има договор и валидна банкарска гаранција. Од ова министерството посочуваат и дека Банката за развој при Советот на Европа лани не се повлекле од кредитирање на болницата, туку какошто велат истечен е договорот за кредит. Децидни се дека потрагата по нов финансисер за болницата,за чија изградба недостасуваат 13,5 милиони евра е во надлежност на министерството за финансии.

Прашањето е во надлежност на Министерството за финансии, со оглед дека со потпишаниот договор за кредит, кој во моментов е истечен (помеѓу МФ и ЦЕБ) државата се обврзала дека ќе бидат обезебедени потребните финансии со цел завршување на објектот над оние кои се искористени како кредитни, велат од Министерството за здравство.

Над 200.000 жители од источниот регион веќе петта година чекаат да се изгради новата современа болница. Инвестиции имаше во Инфективното одделение, кое нема да биде дел од новата болница Пациентите се лекуваат во зграда изградена во триесетите години на минатиот век. Во неа  се правеа интервенции за да нормално се лекуваат  пациентите. Директорот Ален Ѓеорѓијев вели дека во изминатите години саниран е парниот систем, електричната инсталација, набавена е и нова цистерна за нафта.

Ѓеорѓијев вели дека надвор од новата болница е Физикалконото одделение, во кое требаат сериозни инвестиции.

Викторија Димитрова Јованова